| четврток, 6 декември 2018 |

Милијардер предупредува: Биткоинот е најбрилијантната измама на сите времиња

Цел свет на големо зборува за криптовалутите, но и понатаму постојат голем број луѓе кои сметаат дека сето тоа е една голам измама.

Еден од нив е милијардерот Пол Сингер кој дури и ги предупредува своите клиенти да се држат што подалу од биткоинот и другите криптовалути.

Сингер, кој стои зад „Елиот менаџментот“, во писмо до клиентите користи акроним WTHIT (на англиски „What the hell is this”, што значи „Што е ова по ѓаволите”) како синоним за криптовалутите.

„Стравот од тоа дека ќе пропуштиме нешто што помогнало за раст на WTHIT. Во историјата која ќе биде испишана криптовалутите ќе се опишуваат као најбилијантна историја“ се наведува во соопштението за Хеџ Фонд.

„Сите се смеевме на примитивните племиња кои користиеле камења или свињи како валути. Па, смејте се колку сакате, но каменот или здравата свиња се нешто вистинско. Криптовалутите се ништо освен маркетиншка моќ на изумителот, финансиерот и другите кои ја сакаат идехата за купување на црната кутија, која очигледно е празна и сонуваат дека ќе се претвори во мерцедес.“ – пишува во писмото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top