| четврток, 6 декември 2018 |

Експерти предупредуваат: Вештачката интелегенција би можела да падне во погрешни раце

Брзиот развој на вештачката интелегенција ја зголемува опасноста од негова злоупотреба од страна на држави, криминалци или терористи за загрозување на светскиот мир, се оценува во извештај изработен од 26 експерти за кибернетика и кибер безбедност.

Авторите на извештајот, меѓу кои и експерти од Кембриџ, Оксфорд, Јеил и невладини организации, ги повикуваат владите и сите заинтересирани страни да ги спречат заканите поврзани со вештачката интелегенција.

– Злонамерната употреба на вештачката интелегенција создава непосредна закана за дигиталната, физичката и политичката безбедност, бидејќи овозможува обемни, прецизно насочени и високоефикасни напади, се наведува во извештајот.

Авторите на студијата наведуваат сценарија, кои според нив, би можеле да станат реални во следните пет години.

Според нив, терористи би моеле да извршат кибер напади со кои би преземле контрола над возила со автономен погон или над дронови во комерцијална употреба, по што би ги искористиле како оружје за терористички напад.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top