| четврток, 6 декември 2018 |

Кралицата Елизабета, главна гостинка на Лондонската модна недела

Британската кралица Елизабета Втора (91) беше главна гостинка на Модната недела во Лондон. Таа првпат се појави во славниот прв ред каде што друштво ѝ правеше главната уредничка на магазинот „Вог“, Ана Винтур.

Тие го следеа шоуто на дизајнерот Ричард Квин, кој стана првиот добитник на наградата за придонес на британската модна сцена, „Кралицата Елизабета Втора“.

Доделувајќи му ја наградата на Квин, кралицата кажа дека таа е нејзиното наследство за британската мода. Добитникот беше избран од страна на Британскиот моден совет.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top