Времето денеска ќе биде облачно, со повремени локални врнежи од дожд, на некои повисоки места и на планините од снег. Ќе дува умерен југоисточен ветер, информира УХРМ.
Повеќе врнежи ќе има во западните делови од земјава, особено попладне, а врнежите ќе продолжат и во ноќта до утре претпладне. Температурата ќе биде во интервал од 5 до 10 степени.
Во Скопје времето, исто така, ќе биде облачно и од пладневните часови со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб умерен југоисточен ветер. Врнежите ќе продолжат и преку ноќта. Температурата ќе достигне до 8 степени.
Под влијание на серија влажни бранови во наредните денови ќе се задржи претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Врнежите ќе бидат со слаб до умерен интензитет и позастапени во западните делови од земјава. Повеќе врнежи ќе има до утре претпладне кога во овие делови локално се очекува да наврнат над 25л/м2, а снежната покривка на планините значително ќе се зголеми. До петок ќе дува умерен југоисточен ветер. Кон крајот на неделава ќе настапи позначително заладување, кое ќе се почувствува особено во вториот ден од викендот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст