ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржува решение кое ќе биде штетно за интересите на Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи решение кое поразбира промена на Уставот а со цел промена на уставното име – изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во денешното гостување во емисијата Отворено на 24 вести. Тој додава дека ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи да биде ничие алиби за неуспех.
-ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи да биде изговор за неуспех на некого бидејќи секој оној кој што самиот, како што знаат старите да кажат “си ја закувал чорбата, треба да си ја срка“. Ниту ние ќе дозволиме да бидеме оправдување за неуспехот на некого ниту пак ќе бидеме дел од решение кое што нема да одговори на интересите на Република Македонија, рече Мицкоски.
Одговарајќи на новинарските прашања Мицкоски вели дека црвена линија на актуелната влада е име со географска одредница, што сега де факто е нивна почетна преговарачка позиција.
-Географска одредница, сега е почетна преговарачка позиција на македонската влада,а компромисот во секој договор мора да се најде на средина што значи Македонија веќе има нарушена преговарачка позиција, а за двете страни да дојдат до договор, Македонија ќе мора да се прифатат максималистичките барања на грчката страна, додаде тој.
Според Мицкоски грчката страна ја зацврстува својата преговарачка позиција со се поголеми барања, македонската влада вели лицитира јавно со понуди и прави чекори кои тие ги нарекуваат гестови на добра волја, за кој што македонската страна добива палење на македонското знаме и повторна појава на андарите односно Македонија не доби ништо за отстапките кои ги направи.
Во однос на преговарачкиот коментираше оти ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи да биде алиби за неуспех на владата на СДСМ, но и нема да прифати недостоинствено решение кое е спротивно на интересите на Македонија.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ реагира дека владините претставници постојано ги менуваат своите изјави и даваат различни ставови во врска со овој процес. Тоа, според него, го прави и самиот премиер Зоран Заев.
-Прво тој имаше позиција дека ќе имаме референдум, потоа дека ќе имаме одложен референдум, за повторно да ја спомне позицијата дека доколку се дојде до заеднички прифатливо решение истото би било дадено на референдум. Гледаме лиферуваме со можни црвени линии што секако не му помага на процесот, напротив, мислам дека тоа штети на националните интереси на Република Македонија. Се на се, една конфузна ситуација во моментов се случува во овие преговори и за жал мислам дека процесот во моментов се претвора од игра која што треба да понуди решение во блејм-гејм игра. До кога ќе трае и како ќе се менаџира во иднина, мој совет е да биде малку поинаку и подобро визави она што сега се случува, но сепак одговорноста е на тие што го водат процесот од двете страни, истакна Мицкоски во 24 Вести.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст