Адвокатите на обвинетите на продолжението од денешното судско рочиште за нападот врз пратеникот Зијадин Села забележаа дека вештакот немал лиценца за работа во моментот кога се вршела анализата.
Според обвинителот, пак, немало ниту потреба од тоа бидејќи вештачењето е направено од страна на Институтот за судска медицина која е највисока институција во Македонија за оваа проблематика.
Забелешка на одбраната беше и тоа што кога Села бил примен на КАРИЛ имал нормални наоди кои се разликуваат од оние во извештајот на вештаците, на што вештакот Здравко Чакар одговори дека клиничката слика може да се развие и подоцна како последица на сериозноста на повредите.
На прашање на судот, за колку време според природата на повредите може да настапи смрт, вештакот рече дека не може да се прецизира временски интервал бидејќи секој индивидуално реагира на повредите.
Во конкретниот случај, повредите довеле до понатамошно ширење на последиците, но не и до смртен исход.
Пред судот во моментов мислење дава и вештакот Верица Поповска, според која повредата на Села од десната страна на главата можела да настане од директно делување на тврда сила и ударот би можел да биде и од удар со нога.
Претхдоно, на денешното судско рочиште мислење даде вештакот Здравко Чакар кој ги потврди наодите што ги дал и пред Обвинителството. Посочи дека од повредите што му биле нанесени на Села, најопасна и најтешка било нагмечувањето на мозокот и десно-челниот оток. Опасноста по животот била од оштетувањето на мозочното ткиво.
Вчера пред судот сведочеше Зијадин Села кој посочи дека во прес-салата бил удрен со монитор и со копје од знаме и оти слушал закани упатени кон него дека ќе биде убиен.
На претходното рочиште адвокатот на Села побара отштета за својот клиент во висина од 30 милиони денари. Средствата што се бараат како отштета се за материјалните трошоци за лекувањето на Села, како и за претрпената физичка болка, повреда на личниот интегритет и за претрпен страв.
Во овој случај обвинети се Кире и Цејо Ѓорѓиевски, Оливер Ошавковски, Саша Ценков, Николче Димитриевски, Александар Јаневски – Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски, Коста Делов и Стојан Павловски – Кобра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст