„Гете-институт“ Скопје во соработка со Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство ФИНКИ организира 24-часовен хакатон за програмирање игри. Поканети да учествуваат се сите оние кои имаат свежи идеи, знаење и искуство во програмирање. Настанот ќе се одржи на 23 и 24 февруари 2018 г. во просториите на ФИНКИ.
На учесниците ќе им бидат обезбедени непрекинат интернет пристап, храна, пијалоци, простор за работа и услови за одмор. Оние кои ќе се пријават со себе треба да понесат само сопствен компјутер и добро расположение за дружба и забава. По продуктивните 24 часа, стручно жири ќе ги избере најиновативните идеи и нивната реализација. За најуспешниот тим или поединец, „Гете-институт“ Скопје ќе ги обезбеди патните трошоци за учество на друг сличен хакатон во регионот.
Местата се ограничени, затоа побрзајте, пријавете се на следниот линк: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSerge1FUJ_5cny8qoq6AbNG6a4bSiJHUs5fStMUSMgECPpEFg/viewform?usp=sf_link
Повод за организирање на овој хакатон е прикажувањето на интерактивната изложба “Games and Politics“ (Игри и политика) создадена од Центарот за уметност и медиуми Карлсруе (Zentrum für Kunst und Medien) во соработка со Гете-институт. Интерактивната изложба Games und Politics ги прикажува видеоигрите како социјални изјави и уметнички објекти и истражува како видеоигрите низ игра го развиваат нивниот политички потенцијал. Посетителите стануваат гејмери и сами откриваат како делуваат игрите врз нив. Изложбата може да се погледне од 07.02.-25.02. во аулата на Технолошки факултет во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


