| четврток, 6 декември 2018 |

Татко и 11-годишната ќерка загинале од снежна лавина

Татко и ќерка загинале од лавина снег додека скијале на француските Алпи, соопштија спасувачите.

43-годишниот маж и неговата 11-годишна ќерка, од регионот на Париз, исчезнале во глечерската област Писаилас во Валдизер.

Целата област била затворена поради ризик од лавина.

Таткото и ќерата биле пронајдени мртви на висина од околу 2.930 метри.

Властите покренале истрага за трагедијата која настанала откао спасувачките групи предупредиле скијачите да се држат астрана од означените стази.

Нивното исчезнување предизвикало голема потрага во која биле вклучени хеликоптери и спацувачки екипи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top