| четврток, 6 декември 2018 |

30.000 вратени азиланти ќе пристигнат во една балканска земја

Луѓето кои не успеаја да добијат азил во развиените земји, наскоро е можно да се вратат назад.

Поради мигрантската криза која и натаму трае со ненамален интензитет, во Босна и Херцеговина би можеле да бидат вратени илјадници нејзини државјани на кои им е одбиено барањето за азил во државите од Западна Европа и од САД, пишува весникот „Независне новине“ од Бања Лука.

Весникот наведува дека официјалните податоци со кои располагаат институциите во БиХ се загрижувачки, првенствено од аспект на најавата за враќање на неколку десетици илјади лица од Германија, како и голем број од Белгија, Франција, Италија и други држави од Западна Европа, но можно е исто така и од САД.

„Незвисне“ пишува дека властите и институциите во БиХ сега се плашат дек постоечките сместувачки и сите други капацитети нема да бидат доволно за реинтеграција на луѓето кои се враќаат, а од кои повеќето „распродале речиси се во трка за подобар живот откако е укинат визниот режим“.

„Нашите државјани, кои заминаа по либерализација на визниот режим, сега престојуваат илегално во други држави. Се проценува дека ги има повеќе од 30.000. Со оглед на тоа дека Западен Балкан се смета за сигурно подрачје, тие луѓе се повеќе ги депортираат во матичните држави“ – изјави Драго Вулета, помошник министер во Минстерството за бегалци и раселени лица на РС, кое во сето има координирачка улога.

Се очекува и масовно враќање на ромски семејства од Италија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top