| четврток, 6 декември 2018 |

Трудо: Кастро не ми е татко

Најстариот син на Фидел, Кастро Дијаз – Баларт, кој неодамна извршил самоубиство, во прошталното писмо канадскиот политичар го нарекол полубрат.

Канадската влада со премиерот Џастин Трудо на чело, ги демантирала шпекулациите дека покојниот кубански лидер Фидел Кастро е всушност татко на претседателот на владата во Отава.

Шпекулациите дека Фидел Кастро е биолошки татко на Џастин Трудо траат уште откако легендарниот лидер на Кубанската револуција починал во 2016. година.

Пател од депресија

Меѓутоа, шпекулациите дополнително се засилиле откако најстариот син на Кастро, Фидел Кастро Дијаз-Баларт, познат и како Фиделито, неодамна извршил самоубиство. Имено, Фиделито наводно оставил проштално писмо во кое канадскиот премиер Џастин Трудо го нарекол полубрат.

Кубанските медиуми посветиле големо внимание на самоубиството на Фиделито. Тој бил доктор по нуклеарна физика и студирал во Советскиот сојуз. Со години пател од тешка депресија, која била причина за самоубиството, кое го извршил на 1. февруари. Владата во Хавана, како и државните медиуми, не потврдиле дали тој оставил проштална порака.

“Наводите дека Фидел Кастро е биолошки татко на канадскиот премиер Џастин Трудо се неточни”, се наведува во соопштението на владата во Отава.

Канадските службеници истакнуваат дека Џастин Трудо се родил на 25. декември 1971. година, и дека негови биолошки родители се Маргарет и Пјер Трудо, кој исто така бил премиер на Канада.

Родителите на Куба

Џастин е роден нешто повеќе од 9 месеци откако неговите родители се венчале. Шпекулациите дека Кастро е татко на Џастин ги подгреал и фактот дека Маргарет, мајка на премиерот, во 1976. година била на Куба и се состанала со лидерот на револуцијата. Маргарет имала 22 години кога се омажила за Пјер Трудо, кој имал 51 година. Овој брак привлекол големо внимание во канадските медиуми и не постојат шанси Маргарет да отпатувала во Куба без знаење на јавноста.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top