| четврток, 6 декември 2018 |

Партизација и реваншизам во ПУИК со многу печатни грешки – разрешив 11 директори од ВМРО, назначив од СДСМ

Претседателот на управниот одбор на ПУИК од редовите на СДСМ Џеват Исени со неверојато “писмен“ статус на Фејсбук откри дека со посебна радост разрешил 11 директори од ВМРО и назначил од СДСМ.

На каков јазик пишува Исени, претседател на управен одбор на сериозна институција, проценете сами:

Денес ми беше чест да разрешувам 11директо на подружници от ВМРО кој 11години рушиј плачка како лудаци со купени дипломи и не содветни за ова функци.
А Означив 11 нови Директори од СДСМ професионалци економисти правници инжињери и чесни во нивните намери
Ви честитам от се СРЦЕ И ОЧЕКУВАМ УСПЕХ ДА ДОКАЖЕМЕ ДЕКА НИЕ МОЖЕМЕ И УСПЕВАМЕ ЗБОРОТ Е ЗБОР . – напиша Исени.

Според стандардите на Исени, разрешените директори не биле професионалци затоа што доаѓале од ВМРО-ДПМНЕ, а овие кои ги назначил се професионалци по партиска книшка.

Инаку Исени е познат како пиштолџија.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top