| четврток, 6 декември 2018 |

Ристоска: Ако нешто пропуштил судот во случајот со Талевска, ќе поднесеме жалба

Специјалното јавно обвинителство ќе почека да ја добие пресудата, па потоа ќе одлучи дали ќе ја обжали пресудата за случајот „Тифани“, во кој новинарката Ивона Талевска е осудена на условна казна затвор за затајување на данок.

– Треба да стигне пресудата па потоа ќе одлучиме дали ќе поднесеме жалба. Бидејќи во пресудата ќе стојат причините што судот ги земал предвид, па ако пропуштил нешто, ќе имаме предмет на жалба, ќе мора да видиме прво судот што ќе напише – вели обвинителката од СЈО, Ленче Ристоска.

Обвинителката додава дека Талевска го признала целосното обвинението без промени.

– Судот во овој случај ја ублажил казната, ако казната е најмалку четири години може да ја ублажи до две години, а за две години следува условна казна. Така да нема суштинска повреда од тој аспект – објаснува Ристоска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top