Професорот Димитар Апасиев прави споредба меѓу ставовите на Никола Димитров од 2006 година, кога беше преговарач во спорот за името и сега кога е министер за надворешни работи.
„Во 2006 година, како тогашен демонстратор на „Јустинијан I“, учествував во студентски проект раководен од проф. Шкариќ од којшто произлезе и првата книга посветена на овој апсурден „спор“. Меѓу десетиците интервјуа, имавме разговор и со тогашниот преговарач во спорот за името Никола Димитров, каде што тој кажа: „УСТАВНОТО ИМЕ е последен столб на државноста и ако Република Македонија го промени под меѓународен притисок ќе се помине линијата на нашето достоинство“. Сегашниот министер за надворешни работи Никола Димитров, пак, вели: „Подготвени сме за име со географска одредница“!?“ – пишува Апасиев на Фејсбук.
Под овој статус Апасиев приложува и резиме од средбата со Никола Димитров, во кое е потенцирано дека во неформалниот дел од разговорите со студентите тој го соопштил горенаведениот став дека уставното име е последниот столб на државноста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст