| четврток, 6 декември 2018 |

Свршеникот ја искористил, доживеала нервен слом и одлучила: Нема да имам деца

Дури сега призна колку била скршена кога ја оставил 19 години помладиот свршеник, британскиот актер Џошуа Сас.

„Бев скршена и сакав само сето тоа да престане. Знаев дека треба да залечам. Моето физичко здравје беше загрозено и мислам дека имав нервен слом“ – раскажа во интервју за „The Sunday Times”.

Со пријателката веднаш заминала на Тајланд и таму малку се повратила во нормала.

Сфатила дека не треба да му прости, нити да му врати иако имала планови да се омажи и со него да заснова семејство.

Наместо тоа одлучила дека нема никогаш да раѓа деца.

„Невозможно е а да не се прашате како тоа би изгледало, кога би имале деца. Но, од оваа перспектива се повеќе верувам дека на мене нема да ми случи тоа“ – искрено изјави таа.

„Непосредно после раскинувањето мислев дека никогаш повеќе нема да можам да им верувам на мажите, но со време сфаќате дека животот оди понатаму. Сакам да сум заљубена и да не губам надеж. А дали мојата следна врска ќе успее? Можеби и нема, но ќе и дадам шанса“ – открила за „The Sun”.

Иако за се отворено проговори, Кајли за Џошуа не проговори ниту еден лош збор.

„Не би било фер спрема него“ – изјавила таа.

Кајл и Џошуа биле во врска од 2015 година, а се свршиле после неколку месеци.

Дефинитивниот крај следувал после три заеднички години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top