Вработена во Центарот за социјални работи во Скопје на 16-ти месецов пријавила дека од декември минатата година лицето Д.К. (58) и упатувало закани по животот.
Образложила дека причината за тоа била што на Д.К. му била укината социјалната парична помош, откако во Центарот за социјални работи било утврдено дека документите кои тој ги приложувал биле фалсификувани. Исто така, Д.К. упатувал закани по живот и на нејзина колешка.
Пријавителката посочила дека Д.К. подолг период ги вознемирувал вработените, но во последно време зачестиле заканите по нивните животи. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст