| четврток, 6 декември 2018 |

Во крвта на злоставуваното девојче од „25 Мај“ е пронајдена дрога

При испитување на крвта на 12-годишното злоставувано девојче од „25 Мај“, за да се утврди дали е бремена, анализите утврдиле дрога во нејзината крв. Дополнително ќе се утврдува дали е девојчето дрогирано.

Заменик народниот правобранител Васка Бајрамовска Мустафа во вчерашното „Ноќно стдио“, на „Телма“ вели дека институциите потфрлиле при заштитата на девојчето за кое државата требало да се грижи, откако им била одземена на родителите.

Според Бајрамовска Мустафа, се работи за исклучително интелегинтно девојче, за своја возраст. Во номеври минатата година наполнила 12 години, а првите извештаи за неа дека била жртва на сексуално злоставување потекнуваат од 2016 година. Една година и повеќе органите знаеле што се случува со неа, а сепак не реагирале за да ја заштитат, вели Бајрамовска Мустафа.

-Народен правобранител го испита случајот. Во декември 2016 е прво запишување за девојчето дека е во својство на минувач и до моментот кога јавноста дознава за неа имаме податоци дека е во постојано бегство. Имаме потврдува дека била носена пред МРТ за да дава сексуални услуги. Цела година се случувало тоа и нешто да не се преземе е надвор од разумот – вели заменичката на народниот правобранител.

Според неа, девојчето било носено во Кавадарци каде жена ја продавала за сексуални услуги. Во мрежата на злоупотреби, стигнала и до Велес, Кавадарци и Гостивар.

-Споменува имиња на мажи и жени кои ја злоупотребуваат и продаваат, нешто што не е можно, не е можно институциите ова да не го знаат тоа. Институциите потфрлија во овој случај – вели таа.

Во моментов девојчето е згрижено во шелтер центар и се работи за надминување на траумите, но, според Бајрамовска, прашање е колку ќе биде успешно кога се знае дека со години била злоупотребувана.

Fokus.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top