| четврток, 6 декември 2018 |

Првите функционери на ДУИ обвинети од СЈО на 16 март седнуваат на обвинителна клупа

Првите функционери на ДУИ обвинети во случајот „Титаник 3“ на специјалното јавно обвинителство, Ејуп Алими и Исмет Гури, на 16 март седнуваат на обвинителна клупа, дознава „Макфакс“.

Тие се обвинети дека уништувале изборен материјал. Предметот ќе го суди судијката од одделот за кривично полнолетни, Оља Ристова.

Ова е прв предмет на тимот на Јанева во кој им се суди на функционери од ДУИ. СЈО за нив бараше притвор, па тие се жалеа до Апелациониот суд, но наместо притвор, судот им ги одзеде пасошите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top