Ги сакате ли звуците на салсата, мамбо, румба, ча-ча и другите стилови. Самата музика мами за танцување. Во последно време во Скопје мошне е популарна оваа музика како со бендови кои свират латино и кубанска музика, така и пуштање на најпопуларните латино песни од Рики Мартин, Енрике, Шакира, Џеј Ло, Сантана и уште многу легендарните латино изведувачи чии латино хитови се многу слушани. А се повеќе гостуваат латино музичари кај нас.
Најново вакво студио за танц се наоѓа на булеварот Трета Македонска Бригада, спроти средното училиште „Димитар Влахов“. „iDance“ е нова приказна, а во оваа приказна главни ликови секогаш ќе бидат клиентите. Школата нуди часови по различни латино танци, и тоа: Bachata sensual / Bachata dominicana, Salsa Cubana
Salsa con Reggaeton, Salsa con Rumba, Dancehall, Kizomba / Urban Kizz, Reggaeton, Zumba fitness, Insanity, Contemporary, Kids Latin Dance, Hip-Hop.
Ико е повеќекратен државен меѓународен првак во категоријата латиноамерикански и стндардни танци (спортски натпреварувачки танци), бачата победник на International Dance Organisation, заедно со Кристела и Христина, ликови со вишок позитивна енергија.
-Оваа музика многу ми се допаѓа зашто опушта максимално и е позитивна музика, потсетува на лето, плажа, танцување, многу егзотика, многу убави девојки и момци, велат љубителите на оваа музика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст