| четврток, 6 декември 2018 |

Жена ограбена среде бел ден во Скопје: Додека одела пеш и ја откопчал ташната и го украл паричникот

Секторот за внатрешни работи Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против З.А. (34) од Скопје осомничен за кривично дело „тешка кражба“ што ја извршил на 15­-ти месецов.

Околу 14 часот, додека оштетената пеш се движела по бул. „Крсте Мисирков“, З.А. и се доближил, го отворил патентот од чантата и и го одзел паричникот по што побегнал во непознат правец. На тој начин, З.А. се стекнал со противправна имотна корист од околу 5.000 денари, соопшти МВР во дневниот билтен.

По преземени мерки, З.А. истиот ден бил приведен во Полициската станица Бит­пазар и во службениот разговор го признал делото и го појаснил начинот на извршување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top