Некои верски групи во Исланд остро го осудија законот со кој треба да се забрани обрежувањето на момчиња, пренесуваат светските медиуми.
Новиот закон треба да го забрани обрежувањето на децата, освен за медицински причини и предлага казна од 6 години затвор за секој обвинет за „отстранување на дел или цел полов орган на дете“. Според законот, практиката на обрежување ги нарушува правата на детето, јавува „Би-Би-Си“.
Претеничката Силја Гунарсдотир од Прогресивната партија го објави нацрт-законот претходно месецов. „Зборуваме за правата на децата, а не за религиозни слободи. Сите ние имаме право да веруваме во она што сакаме, но правата на децата се над верските права“, рече таа.
Во 2005-та година, Исланд со закон го забрани женското обрежување. Новиот предлог-закон предвидува дека обрежувањето на момче вклучува „долготрајна интервенција врз телото на детето, што може да предизвика многу силна болка“.
Еврејската заедница остро се спротивстави на ваквиот предлог: „Дали сакате да го нападне јудеизмот на начин кој влијае на сите Евреи во светот“, напишале во отворено писмо од еврејската заедница. Групата „Milah UK“ изјавила дека обрежувањето на девојчиња не може да се спореди со обрежувањето на момчиња бидејќи кај нив не постојат „докажани долготрајни негативни ефекти“.
Имамот Ахмед Седик од исламскиот културен центар во Исланд, изјави: „Тоа е дел од нашата вера. Новиот закон оди против нашите уверувања и сметам дека ги укинува верските слободи“.
Со реакција во однос на нацрт-законот се огласи и бискупката на Рекјавик: „Постои опасност ако законот стапи во сила, јудеизмот и исламот да стаат криминализирани религии во оваа земја. Мора да ја избегнуваме секоја таква форма на екстремизам“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст