| четврток, 6 декември 2018 |

Реткост на патот – одговорен возач а Македонец (ФОТО)

Македонија не е земја во која царува сообраќајната култира, ниту пак Македонија пат е претпријатие кое го оправдува своето постоење на буџетска дојка.

Сепак, не е сѐ изгубено и има искра надеж која нѐ држи да не паднеме во бездната.

Во јуни 2015 година додека екипа на Гугл стритвју беше во посета на нашата земја, на регионалниот пат Кичево – Охрид вработен во „Синохидро“ беше фатен како го чисти коловозот од цигли кои му се скршиле при транспорт. Доколку се движите на следниот линк ќе забележите како човек во средни години на спротивна лента, без никаков помошен алат, рачно ги отстранува искршените цигли од коловозот, а само неколку метри потоа се наоѓа и неговиот службен камион паркиран на крајната десна лента.

Секако дека ова треба да биде вообичаена практика, но секоја чест за возачот кој наместо да продолжи да вози (нешто што би го направиле повеќето возачи) застана и во име на безбедноста во сообраќајот го исчисти коловозот.

Секоја чест, заслужува медал.


Извор: Автоклуб

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top