| четврток, 6 декември 2018 |

Градиначалникот на Прилеп ја украл маската од Кју клукс клан? (ФОТО)

Скандал, маската на градоначалникот слична на белите одори на членовите на озлогласениот Кју клукс клан, објави прилепскиот портал Маркукуле.

Иако многу помал во обем од Струмичкиот, Прилепскиот карневал за Прочка е исто толку достоен за почит. Годинава маските на учесниците, како што пишува прилепскиот портал, останале во сенка на скандалозната маска на прилепскиот градоначалник Илија Јованоски.

Човекот кој ги истера коледарите за Бадник, за Прочка се маскира во маска инспирирана од јапонскиот цртан филм „Наруто”, но изгледа прилепчани не ги разбираа неговите далекоисточни погледи, па наместо на непознатиот Наруто, ги потсетувал на далеку познатите фашисти од озлогласениот Кју клукс клан.

Кој е во право проценете сами.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top