| четврток, 6 декември 2018 |

Текст со кој Сорос конечно ја обедини планетата – против себе

Предлогот на Џорџ Сорос по кој ЕУ треба да ги регулира содржините на Гугл и Фејсбук доведоа до победа на Доналд Трамп на американските претседателски избори, предизвика жесток одговор на интернет. Корисниците на интернет одговориле дека Сорос ги плаши повеќе од интернет компанија и дека милијардетот треба да биде во затвор.

Во авторскиот текст на “Гардијан”, Сорос ги критикувал Гугл И Фејсбук кои спрема негови зборови, учествувале во “необични активности”, со разни содржини за кои не сносат никаква одговорност “попречувајќи го функционирањето на демократијата и интегритетот на избор”.

Сорос кој е познат по своето отворено мешање во внатрешните работи на многу држави ширум светот, финансиски или на друг начин, ги критикуваше интернет комапаниите бидејќи манипулира со луѓето, кои одиграле важна улога во американските претседателски избори”.

Нагласувајќи дека Гугл и Фејсбук “немаат ни желба ни начин да го заштитат општеството од последици на своите акции”, Сорос инсистира регуларните власти “да го заштитат општеството од нив”, почнувајќи од ЕУ, каде што властите подобро ќе го сторат тоа отколку САД.

Меѓутоа, повеќемина кој го читале тексто на Сорос не се сигурни во неговите добри намери и ја оспоруваат неговата “дијагноза на проблемот”. Имено најдобриот коментар во рубриката коментари на “Гардијан” гласи: Многу повеќе се плашиме од Сорос отколку од Фејсбук и Гугл”.

“Лекција за демократија од милијардерот?”, “Не благодарам другар”, напишал друг „Правило е — ако Џорџ Сорош се залага за нешто, тоа е само во негова корист”, напишал трет.

Повикувајќи се на Соросовата “касапска” берзанска шпекулација со валути, еден корисник забележува дека “малку е пребогат” за да се жали на Гугл и Фејсбуковиот “монополски статус””

“Господинот Сорос беше помалки помпезен и склон да држи лекции во деновите кога беше среќен заработувајќи милијарди со берзански манипулации со послабите валути во ЕУ и Азија, без да размисли за несреќи кои ќе се случи на милиони. Малку е пребогат за некој кој се жали дека други платформи уништуваат животи на работничката класа, кога тој има своја поткупена и подмитена платформа во Брисел, која се занимава со уништување на работнички права преку државите членки на ЕУ”, напил во коменататорот.

Сорос го поделил својот текст на Твитер и добил идентичен и едногласен одговор.

Францускиот суд го осуди Сорос во 2002 година за “инсајдерска трговија” и го казни со 2,2 милијарди евра, а таа пресуда ја потврди и Европскиот суд за човекови права во 2011 година.
Сорос активно учествувал во низа кампањи каде се мешал во политиката на владите ширум свет – од САД до Велика Британија, земите на Источна Европа заклучно со Русија.

Извор: Вечер

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top