| четврток, 6 декември 2018 |

Лоба викендов ќе облече венчаница


Маријана Станојковска, Зои Блаж, Јана Бурческа, Викторија Лоба …. само дел од некои од познатите дами кои викендов ќе ги видиме во венчаници, но како дел од веќе традиционалниот Саем за венчавки, кој ќе се одржи по осми пат. Целта на одржувањето на овој саем е на едно место сите идни младенци да најдат решение и одговор на сите свои желби и дилеми поврзани со претстојната венчавка. Годинава дел од саемот ќе бидат педесетина изложувачи од сите свадбени категории кои ќе ги претстават најновите свадбени трендови.

Отворањето е закажано в петок, со почеток во 20 часот со ревија на венчаници на која во улога на манекени ќе се појават повеќе познати домашни дами, а целиот амбиент е планирано да биде во стилот на Дизниевите бајки. Атмосферата ќе ја збогати Пламенка Трајковска оркестар, кои со своите гудачки инструменти ќе ги внесат присутните во бајката на секоја принцеза. Меѓу имињата на дизајнерите и модните куќи, пак, кои ќе ги претстават своите креации се – Мила Кадриу, Антонија Ристовска, Елена Лука, Кокев, Ива ателје, Диас, Сињори, Тивес…

Водител на настанот на кој ќе бидат презентирани најновите трендови кога се во прашање и изгледот, гардеробата, фотографиите, декорациите, рестораните ќе биде Александра Велинова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top