
Осомничениот за масакрот во средното училиште во Флорида, 19 годишниот Николас Круз молчел на денешното рочиште. Круз денеска се појави пред суд за да биде сосслушан. Тој не прозборил речиси ниту еден збор, ниту некого погледнал во очи. На сослушувањето Круз бил облечен во затворска униформа, со спуштена глава и без да проговори ниту збор. Само накусо им прозборел нешто на своите адвокати пред крајот на сослушувањето.
Судијата Елизабет Шерер рекла дека ќе се залага за што поголема отвореност на рочиштето. 19 – годишниот Круз се товари за убиство на 17 ученици и вработени во средното училиште во Паркланд и ранување на уште 15 – мина.
Адвокатите рекле дека Круз ќе се изјасни за виновен, доколку од обвинителството се обврзат дека нема да бараат смртна казна.
Круз во средата вооружен со автоматска пушка Р-15 влегол во училиштето и почнал неселективно да пука по своите поранешни соученици и вработените.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


