| четврток, 6 декември 2018 |

„Состојбата во Интер е хаотична, играчите прават што сакаат…“

Иако зад себе има непријатно искуство во Кристал Палас каде беше избркан по само пет меча, сепак Франк де Боер тврди дека многу полошо му било во Интер.

Холанѓанецот стигна на клупата на Интер во пресрет на 2016/2017 година на местото на Роберот Манчини, но веќе во октомври доби отказ. Забалежа само пет победи во 14 меча на клупата на италијанскиот тим, а сега тврди дека играчите не сакале да го слушат.

„Во Италија имав многу проблеми и тоа не само поради јазикот, туку играчите не сакаа да ги прифатат моите идеи.Холанѓаните размислуваат слично како и Англичаните, а во Италија се се сведува на чувството. Костурот на тимот го сочинуваат седум, осум играч, а сите останати пробуваат да ги истуркаат од тимот. Беше хаотично, сите во Интер работеа она што сакаа. Сакав да го променам стилот на игра, но не слушаа. Никогаш не сум рекол вакво нешто, но полесно ми е да работа со деца во Ајакс“, изјави Боер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top