Најпознатата крипто валута достигна 11.000 долари, со што речиси двојно ја зголеми вредноста откако претходно овој месец се намали на 6.000 долари. Биткоинот вчера достигна 11.328 долари по информацијата дека непознат инвеститор во периодот меѓу 9 и 12 февруари купил биткоини во вредност од 344 милиони долари.
Купувањето се случило по големата распродажба, која избришала повеќе од 50 отсто од вредноста на пазарот на крипто валути, поттикната од шпекулациите за се поголема регулација и безбедносни предизвици.
Биткоинот се намали од 20.000 долари во декември минатата година и достигна 6.000 долари на 4 февруари. Меѓутоа, по информацијата за рекордно купување и други инвеститори вложиле во крипто имот.
Извор: МИА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


