| четврток, 6 декември 2018 |

СЈО куртули, пајакот се смилува над нивните возила (фото)

Обвинителите на СЈО, кои денеска пристигнаа во Кривичниот суд со службените автомобили, поради одржување на неколку судски рочишта за малку ќе останеа без автомобилите, објави Локално.мк.

Токму поради преголемиот број на рочишта кои се одржуваат, пред судот се паркираат многу возила, поради што мораше да реагираат од пајак-службате, од каде пристигнаа три „пајака“.

Дел од автомобилите успеале да се „извлечат“ во последен момент, а по консултација со возачите од СЈО, на улица и понатаму останаа нивните две возила.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top