Законот за јазици се уште не стенд бај. 35.000 амандмани се преведени веќе некое време ама никој не споменува дали и кога тие би се нашле на дневен ред на собраниска седница. Ниту денешна редовна координација на спикерот Џафери со пратеничките групи не носи многу надеж дека брзо ќе се разгледуваат илјадниците амандмани. За утре е закажана седница, ама на дневен ред ќе се најдат само закони по скратена постапка. Џефери едвај обезбедува потребниот кворум за работа, бидејќи како и целиот овој период дел од пратениците заминуваат на службени патувања. Засега единствено е јасно дека на 22-ри треба да се одржи седницата за пратенички прашања, на која повторно опозицијата нема да биде присутна.
Претставник од ВМРО-ДПМНЕ ниту денеска не бил на координација со Џафери. Ќе го чека ли спикерот политичкото решение за законот за јазици кое го побара од ВМРО-ДПМНЕ за поднесените амандмани останува нејасно. По последната седница од опозициската ВМРО-ДПМНЕ јасно кажаа дека не размислуваат во никој случај да ги повлечат амандманите со кои се спори уставноста на Законот и покрај повикот на Џафери да се предомислат.
Неизвесно е што ќе се случува и со овој парламентарен состав по прекројувањата на владината коалиција и како ќе бидат прегрупирани силите, дополнително и со БЕСА. Дека постои раскол во партијата потврди и вчерашниот Конгрес на кој скопското крило во Тетово на кој Африм Гаши беше избран за нов претседател. Од Тетовското крило пак денеска го најавуваат според нив првиот конгрес на партијата на кој ќе бирале нов лидер.
По превирањата во БЕСА, досегашниот лидер Билал Касами, негираше дека постои било каков раскол , туку само несогласување во ставовите со поединци, но и дека сите пет пратеници остануваат да делуваат заедно.
Извор: Алфа
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст