| четврток, 6 декември 2018 |

Први функционери на ДУИ обвинети од СЈО на 16 март седнуваат на обвинителна клупа

Првите функционери на ДУИ, обвинети во случајот „Титаник 3“ на специјалното јавно обвинителство – Ејуп Алими и Исмет Гури на 16 март седнуваат на обвинителна клупа, објави Макфакс.

Тие се обвинети дека уништувале изборен материјал. Предметот ќе го суди судијката од Одделот за кривично полнолетни, Оља Ристова.

Ова е прв предмет на тимот на Јанева во кој им се суди на функционери од ДУИ. Претходно судот им ги одзеде пасошите, па тие се жалеа до Апелациониот суд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top