Инjекции Гентамицин со голем ризик за појава на несакани реакции, контаминирани со хистамин се наоѓаат во амбулантите и болниците во државата, а лекарите не се информирани за ова. Пред неколку дена пациентка од Велес одвај останала жива откако добила силна алергиска реакција по примена инјекција Гентамицин, објави Нова ТВ. Во ординацијата каде што се случил немилиот настан тврдат дека не биле известени за ризикот и опасноста од лекот.
„ Тоа беше многу силна шокова реакција, досега не се случило вакво нешто. Веднаш беше дадена анти-шок терапија и 45 минути се боревме за нејзиниот живот, по што со возило на Брза помош беше однесена во болницата во Велес. Случајот веднаш беше пријавен во МАЛМЕД“, изјавил за НОВА, д-р Лилија Чолакова Дервишова во чија ординација се случила несаканата реакција.
Откако го пријавиле случајот во МАЛМЕД и им било соопштено дека безбедносното предупредување веќе е објавено на веб страната на МАЛМЕД, од амбулантата побарале да им го испратат предупредувањето кое го ставиле на веб страната на Здружението на приватни лекари за да можат да видат и да прочитаат лекарите кои што се членови таму.
НОВА побарала одговор во неколку здравствени установи дали се известени за ризикот од одредени серии на Гентамицин, но од таму добиле одговор дека досега не добиле предупредување од никого, а тие не се во можност да ја забележат секоја промена на веб страната на МАЛМЕД. Некои амбуланти во руралните средини дури не се ниту во можност да следат интернет.
Од Агенцијата за лекови (МАЛМЕД) велат дека на 26 декември минатата година на својата веб страна објавиле предупредување дека овој раствор за инјектирање содржи гентамицин сулфат како активна супстанца и може да предизвика силни алергиски реакции и шок поради што е неопходно внимателно да се следат пациентите со знаци на несакани реакции кои се асоцирани со контаминација на хистамин. Но, во предупредувањето никаде не стои дека овие лекови се повлекуваат од употреба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст