Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер ќе допатува в недела во Скопје.
Истиот ден тој ќе има прес – конференција за медиумите со премиерот Зоран Заев.
Во Скопје се очекува до крајот на месецот да допатува и шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас, пишуваат грчките медиуми.
Од МНР велат дека посетата на Коѕиас се очекува за крајот на февруари или почетокот на март.
Грчката телевизија Алфа пренесува дека Коѕиас треба во Скопје да го донесе и официјалното предлог решение за името.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст