| четврток, 6 декември 2018 |

Економист“: Размената на територии на Балканот би бил незапирлив процес

Доколку Србија и Косово се договорат за размена на територии, на Балканот би можел да започне процес што не би можел да биде запрен и би имал големи последици, оценува лондонскиот магазин „Економист“, додавајќи дека токму затоа „помудро би било да се намали значењето на националните граници“.

– Гранците на Балканот, искрени речено, се во не ред. Тука се Србите кои живеат во Косово и во БиХ, каде имаат сопствена република, Албанците и Бошњацоте (муслимани) кои живеат во Србија и Грците во Албанија, наведува весникот.

„Економист“ тврди дека „неодамна српските власти предложиле да се разговара за размена на територии со косовските Албанци“, запрашувајќи: Дали е тоа разумна идеја?

Бесникот потсетува дека во 1923 година Грција и Турција договориле „размена“, при која околу два милиони лица биле преселени. – Мнозинството од христијанското население од Турција е испратено во Грција. а муслиманите од Грција се испратени во Турција. – Тоа било речиси насилно преселување, но Грција и Турција не војуваа од тогаш, се наведува во анализата.

– Тоа ги инспирира националистите на Западниот Балкан, Помеѓу 1918 и доцните 50-те години на минаиот век, многумина муслимани биле охрабрувани да заминат од Југославија во Турција. Но, во време на нејзиниот распад во 90-те години на минатиот век населението и натаму беше во голема мерка измешано. наведува “Економист“.

Според магазинот, тогашните лидерите за време на војните во поранешна Југославија во етничкото чистење „виделе најдобар начин за создавање на нови нации-држави без проблематични малцинства“.

– До 1995 година подрачјата на кои историски живееја Срби во Хрватска останаа празни, а стотици илјади Срби, Хрвати и Бошњаци на сличен начин беа иселени од своите домови во Босна, додава весникот.

„Економист“ наведува дека голем број Срби во 1999 година го напуштија Косово, но дека околку 120.000 се уште останаа да живеат таму, па сега „српските власти сакаат да разговараат за припојување на северниот дел на Косово кон Србија, а во замена делови на Србија населени со Албанци да му бидат дадени на Косово“.

– Иронијата во врска со спорната размена е во тоа што всушност мнозинствоти од косовските Срби живеат во енклави на југот на Косово, така што таквиот договор не би им овозможил да живеат во Србија и тие веројатно би морале да ги напуштат своте домови, додава весникот.

Магазинот оценува дека „кога еднаш ќе се тргне по тој пат, процесот нема очигледен крај и не се води сметка за човековите права на лицата опфатени со процесот“.

Според „Економист, доколку Србија и Косово почнат сериозни разговори за прекројување на нивните граници, тоа би можело да има многу големо влијание врз балканските заедници.

Во таков случај, според лондонскиот весник, лидерите на босанските Срби би органзирале референдум за иднината на Република Српска, Хрватите би поднеле тужба, а Бошњаците би се бореле да спречат распад на нивната земја.

– Натаму Србија ќе се обиде да ги спречи бошњачките националисти во Санџак, кои сонуваат за обединување на регионот во Голема Босна. Во меѓу време Албанците во западна Македонија и во црна Гора ќе бараат да се приклучат кон Голема Албанија, оценува магазинот,

Заговорницте на Голема Албанија би сакале припојување и на делови на северна Грција, а грчките националисти би го барале јужниот дел на Албанија. Унгарските националисти, исто така, не се помирени со загубата на Трансилванија во Романија, а романските националисти би сакале да ја избришат својата граница кон Молдавија. истакнува магазинот.

– Токму затоа „Балканизацијата“ е на лош глас Намалувањето на значењето на националните граници, изгледа би било помудро од нивно прекројување, кое како што рече еден висок претставник на ЕУ, би ги отворило вратите на пеколот, заклчува „Економист“ во анализата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top