| четврток, 6 декември 2018 |

Одложено рочиштето за „Насилство во Центар“

Судското рочиште за седмообвинетиот Димче Крстев во случајот „Насилство во Општина Центар“, кој претходно беше раздвоен од постапката, денеска е одложено за 5 март.

Причина за одложувањето е тоа што се уште не е готово вештачењето што го побара судот.

Крстев нема адвокат, а на последното рочиште се изјасни за невин.

Во случајот „Насилство во Центар” обвинети се 14 лица, меѓу нив и поранешниот премиерот Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова.

На претходните рочишта, вината за случувањата пред Општина Центар вo јуни 2013 година, ја признаа четвртиот обвинет, Томислав Лазаров и петтиот обвинет Јордан Ристевски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top