Пратеникот Зијадин Села појасни дека за малку ќе го избегнел нападот во Собранието, бидејки уште пред да влезе толпата се мислел дали да се качи во канцеларија или да оди во прес салата.
– Уште пред да влезе толпата, внатре со Рушити и Мемеди зборевме дали да се качиме во канцеларија или да одиме во прес салата. Кога тргнавме кон кацеларија пред нас застана „новинарката“, односно не знам што е точно по професија, инаку таа е личноста која цело време ме снимаше, „Никаде нема да одите, сега ќе видите што ќе ви се случи“ – потсети Села и како што додаде него не му дозволувала културата да ја тргне од патот, па во тој момнент се вратиле и влегле во прес салата.
Села појасни дека оваа женска личност постојано го следела во Собранието и го снимала, а со неа и во нејзина близина секогаш бил еден од напаѓачите, кој носел фантомка на главата и мајца со број 6.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст