Патот на Македонија кон ЕУ и НАТО требаше одамна да биде одблокиран, смета претседавачот со Минхенската безбедносна конференција и поранешен германски амбасадор во САД, Волфганг Ишингер.
– Патот на Скопје кон ЕУ и НАТО треба да се одблкира. Тоа требаше одамна да биде сторено, вели Ишингер на неговиот твитер профил.
ој коментираше на твитот на шефот на македонската дипломатија Никола Димитров дека Македонија е еден од неколкуте примери на успешна превентивна дипломатија и оти по долго чекање време е за пробив на земјата во ЕУ и НАТО.
– Македонија е еден од малкуте примери на успешна превентивна дипломатија. Но запирањето на негативната динамика не е доволно. Време е да се искиристи приликата за забрзување на позитивната динамика и постигнување неповратен успех, вели Димитров кој на крајот му се заблчагодарува на Ишингер за одличната организација на Минхенската безбедносна конференција.
Шефот на дипломатијата Димитров заедно со вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска учествуваа на 54. Минхенска безбедносна конференција што се одржа минатата недела, која се смета за водечки глобален форум на кој се дискутираат за актуелните и идните безбедносни предизвици.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст