| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто извештајот на Планинарската федерација е небулозен?

Трагедијата што се случи на Кајмакчалан на 10 февруари, во која животот го загубија Калина Велевска и Александар Миновски, ја ожалости нацијата и предизвика бура од реакции во јавноста. Оние што требаше веднаш да одговорат на многуте прашања што сите си ги поставувавме, не само што цела недела беа во „илегала“, не само што не излегоа (со вистината, се разбира) пред надлежните органи, туку и тогаш кога излегоа во јавноста, оставија впечаток дека го направија тоа единствено во функција да се амнестираат себеси од каква било одговорност за инцидентот во кој згаснаа два млади живота.

Дел од луѓето што биле токму членови на групата што отпатувала во Лутраки (Грција) за некои од нив да се искачат на Кајмакчалан, но и оние што се добро упатени во состојбите, нивни блиски колеги, пријатели или роднини, излегоа со свои реакции и ставови.

„Извештајот е апсурден и навредувачки за сите нас. Полн со прашалници и дупки, оти мртвите не можат да се бранат, ниту да ја кажат својата страна… “.

„Сите вие што се нарекувате планинари, не дозволувајте вистината за смртта на Калина и Александар да биде сечена, лепена и монтирана. Не дозволувајте да ве убедуваат дека така требало да биде и дека планината е непредвидлива. Не дозволувајте да бидете тие што ќе молчат и нема да ја кажат вистината заради ’солидарност’, ’заедништво’, ’друштво’, ’браќа по планинарска љубов’. Овие вредности се покажуваат кога се грижите за себе и за тие околу вас кога планирате тура, кога сте на терен и кога ги барате изгубените во планина. Не сега и не за ваков трагичен и ужасно тажен повод.
Во што ѕверови се претворивме? Планинари, ВИСТИНАТА и ФАКТИТЕ за тоа што се случувало на Кајмакчалан е вашиот долг кон Калина и Александар. Ним им должите, само ним и на никој друг…“.

Кои се нелогичностите во извештајот истражува новинарска екипа на весникот Нова Македонија, каде што Калина работела извесен период.

Апсурд број 5
Апсурдот број 5 е крајот на извештајот. Тој завршува со реченицата дека телефонскиот контакт меѓу ратракот и Александар и Калина се одржува сѐ до 19 часот. И точка. Крај. Што потоа? Апсурдно е крајот на извештајот да биде ист како и бездната во која велат дека се загубиле планинарите. Или, пак, намерно се спушта маглата за да не можат да се најдат трагите на одговорните?

Целиот текст ТУКА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top