| четврток, 6 декември 2018 |

Изгоре семејна куќа во Охрид – едно лице загина

Охриѓани потресени од вчерашната трагедија, откако изгоре семејна куќа и во неа беше пронајден мртов маж. Како што информираат од МВР, вчера околу 18.00 часот во село, Песочан-Општина Дебарца, од засега непознати причини настанал пожар во куќа сопственост на Љ.Т. При гаснењето на пожарот, од страна на пожарникарите од Противпожарна единица, во куќата било пронајдено починато лице.

Како што информираат од МВР, се преземаат мерки за утврдување на идентитетот на починатото лице.

Увид ќе се врши во текот на денешниот ден.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top