| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто албанските пејачи ја напуштија македонската сцена (ВИДЕО)

Најпознатите македонски пејачи со албанска националност Адријан Гаџа, Туна и Аделина Тахири одамна се откажаа од освојување на нашиот музички пазар. Затоа пак прават пуздер во Албанија.

Повеќе од 6,6 милиони прегледи на официјалниот видеоспот и скоро 7,5 милиони за првото претставување има заедничката песна на Адријан Гаџа и малиот Флоријани, пејачкиот феномен кој исто така доаѓа од Македонија, но, тука ретко кој го знае.

Сега со продолжението на песната „Ngjyra e kuqe“ („Црвената боја“), односно новата песна на Адријан и 12-годишниот Флоријани „Kjo Zemer“ („Ова срце“), тие ќе се обидат да го срушат сопствениот рекорд. Официјалното видео на Јутјуб веќе има повеќе од 100 илјади прегледи, а во него продолжение има и приказната од првиот видеозапис.

 

И Туна одамна не запеала на македонски, затоа пак со видеоспотовите кои во квалитетот им парираат и на светските, заслужено е една од најсовремените и најпознати пејачки кај нашиот сосед. Доказ е и официјалното видео за песната „I Asaj“ („Нејзин“) кој има повеќе од 8,6 милиони прегледи.

Најновата песна пак којашто излезе пред само неколку дена веќе е хит и има завидни 1,5 милиони прегледи.

 

Девојката која на македонската јавност и стана позната по шоуто „Танц со ѕвездите“, Аделина Тахири, никогаш и не запеала на македонски, но затоа пак си го држи епитетот „македонската Бијонсе“.

Најновата песна која ја издаде вчера, за помалку од 18 часа веќе има 17 илјади прегледи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top