Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров изјави дека со поставувањето на Србија пред изборот помеѓу Русија или западот, ЕУ ја повторува истата грешка со Украина, што доведе до поделба во украинското општество.
Лавров оценува дека Србија има апсолутно нормален пат на развој на надоврешните врски, со напредни односи со ЕУ и НАТО и договор за слободна трговија со Русија, води преговори за влез во зоната на слободна трговија на Евроазиската економска унија и одржува контакти со Организацијата за колективна безбедност.
„Се надевам дека Западот ја увиде грешката што ја направи со Украина, особено ако се има предвид дека со земјата сега не управува претседателот, туку радикална воена структура“, додаде Лавров.
Тој исто така смета дека ултиматумот кој што ЕУ му го поставува на Србија за признавање на Косово за членство е непристојен и не доликува на структура како што е ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст