| четврток, 6 декември 2018 |

Социјалните работници ќе ја земат ќерката на Јелена од семејството на Зоран

Седумгодишната Јана Марјановиќ, ќерка на пејачката од Гранд, Јелена, која беше убиена на 2 април пред две години, може да биде однесена од семејната куќа во Борч. Се очекува експертите од Центарот за социјална работа, кои имаат старетелство над девојчето, да проценат дали по подигањето на обвинението против нејзиниот татко Зоран, ова семејство повеќе не е добро опкружување на малечката Јана.

Привремената грижа за Јана е доверена на родениот брат на Зоран, Милош, но старателството го има Центарот за социјални грижи. Извор до истрагата за убиството на пејачката за српските медиуми напоменува дека доста од работите зависат и од можноста на апсењето на соучесникот на Зоран во извршениот злостор. Во куќата во Борч, малата Јана, живее со чичкото, и неговата жена Милица, бабата Зорица и дедото Владимир.

Социјалните работници неколку пати разговарале со Јана, и таа секогаш на прашањето каде сака да живее, одговарала дека сака да остане дома, затоа што чека да и се врати татко и. Нивната проценка поради тоа е дека за детето најдобро е да остане во опкружување со семејството“, вели изворот за медиумите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top