Татко пријавил дека неговата ќерка го вознемирува, при што битолската полиција била принудена да реагира. По ова настанала вистинска мешаница во домот на битолчанецот кој се јавил во полиција. Според билтенот на МВР полицијата ја затекнала пријавената во физичка пресметка со нејзиниот татко и нејзиниот брат.
-На 17.02.2018 година во 22,20 часот во Битола, тројца полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола, преземале службени дејствија по пријава од лицето Т.Т. (59) дека неговата ќерка М.Т.(33) го вознемирувала. Полициските службеници заедно со екипа на Итна медицинска помош се упатиле на местото на настанот и ја затекнале М.Т. во физичка пресметка со Т.Т. и нејзиниот брат Р.Т..
Полициските службеници побарале од М.Т. да престане со насилното однесување и да биде прегледана од лекар на Итна медицинска помош, но таа ги нападнала полициските службеници, а при обид да ја внесат во возило на Итна медицинска помош, биле физички нападнати од Т.Т. и нејзиниот брат Р.Т., додека мајката С.Т. ги попречувала во преземањето службени дејствија. Во еден момент Т.Т. турнал еден полициски службеник по скалите. По преземени мерки, Т.Т., Р.Т. и С.Т. биле лишени од слобода, додека М.Т. е пренесена во Клиничка болница Битола. По укажана лекарска помош на полициските службеници констатирани им се телесни повреди Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок – стои во билтенот на МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


