| четврток, 6 декември 2018 |

Бомба во дискотека во Босна

Во дискотеката „QM“ во Бановичи, Босна и Херцеговина, синоќа била фрлена експлозивна направа, пришто е повредена една жена.

Експлозијата се случила околу 21 часот, а жената е пренесена во Здравствениот дом во Бановичи.

Новинската агенција „Фена“ наведе дека дискотеката е во сопственост на пратеник на Федералниот парламент на Босна и Херцеговина, Мирсад Кукиќ.

Во тек е увидот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top