ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДСМ платил двојно повисоки цени за ислоп на јаглен за РЕК Битола и дека буџетот е оштетен за милионски суми.
„СДСМ на очиглед на сите ги троши парите на просечниот граѓанин за да ги задоволи апетитите на своите олигарси. Имено за наводна итна зделка се платени двојно повисоки цени за ископ на јаглен за потребите на РЕК Битола. Милионскиот скандал кој го предизвика неспособното раководство на РЕК Битола ќе се исплати директно од џебот на граѓаните“, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение испратено до јавноста.
Најголемата опозициска партија се осврнува и на притворените за насилството во Собранието, повторувајќи го својот став дека политичкиот прогон и, како што велат, судските монтировки се очаен обид на владата на СДСМ да ја прикрие својата неспособност, корупција и расипништво.
„Ова е класичен обид за дефокусирање на јавноста од катастрофалните политики кои СДСМ ги води на секое поле, министрите и нивните функционери од ден во ден влагаат во се поголеми скандали пред очите на целата јавност без да превземат одговорност“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Додаваат дека повеќе од 90 дена невини луѓе лежат во притвор, а власта ги крши осовните човекови слободи и права.
СДСМ возврати:
ВМРО-ДПМНЕ шири лажни вести, ископот на јаглен е за 40 отсто поевтин од периодот кога ВМРО-ДПМНЕ раководеше со ЕЛЕМ и РЕК Битола
ВМРО-ДПМНЕ, партијата чиешто владеење ќе остане запаметено по расипништво и милионски криминални тендери, очајно продолжува да шири лажни вести.
Последна лажна вест е дека се платени двојно повисоки цени за ископ на јаглен во РЕК Битола. Според јавно достапните информации, цената за ископ изнесува 88 денари по гига џул, што е за 40 отсто помалку од претходната цена од 144 денари по гига џул колку што претходно им биле плаќани на „Трансмет“ и бизнис партнерите на Никола Груевски.
Наместо да шири лажни обвинувања, ВМРО-ДПМНЕ треба да објасни зошто за време на нивното владеење, кога со РЕК Битола и ЕЛЕМ раководеа нивни кадри, цената за ископ била толку висока и каде завршувале парите од разликата меѓу реалната и напумпаната цена.
Заврши времето на партизиирање на државните компании кои функционираа како фирми на ВМРО-ДПМНЕ. Новите раководства на ЕЛЕМ, РЕК Битола и останатите државни и јавни претпријатија работат домаќински, одговорно и во интерес на граѓаните, а не во интерес на мала група поединци, како што беше случај за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст