Jужнокорејскиот претседател Мун Џе-ин денеска изјави дека смета оти се уште е рано за негова средба со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и покрај зближувањето на двете земји околу Зимските олимписки игри што се одржуваат во градот Пјонгчанг во Јужна Кореја.
– Имам големи надежи дека ќе дојде до средба на врвот меѓу Северот и Југот, но сметам дека за такво нешто е се уште рано, изјави Мун.
На отворањето на Зимската олимпијада во Пјонгчанг минатата недела присуствуваше сестрата на севернокорејскиот лидер, Ким Јо-џонг, која беше прв член на семејството Ким што стапна во Јужна Кореја по Корејската војна.
За време на средбата со Мун, Ким Јо-џонг му врачи покана од нејзиниот брат Ким Џонг-ун да ја посети Северна Кореја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст