| четврток, 6 декември 2018 |

Земјотрес во Велика Британија

Земјотрес со јачина од 4,4 степени попладнево го погоди југозападниот дел на Велика Британија. Според експертите ова е најсилниот земјотрес што го погодил островот во последниве неколку децении.

Епицентарот на земјотресот бил на 20 километри северно од Свонси, а потресот бил почувствуван во Велс и во југозападните делови на Англија.

Регистрирани се оштетувања на неколку згради, а имало и времен прекин на снабдувањето со електрична енергија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top