Независниот синдикат на камионските транспортери на Македонија-НСКТМ МАКАМТРАНС и Независниот синдикат на градежните работници и трговците во градежништвото-НСГРИТГ се против препораките на Меѓународниот монетарен фонд за зголемување на старосната граница за одење во пензија во Македонија.
Како независни синдикати, велат, нема да дозволиме да се зголеми старосната граница.
– Апсолутно сме против зголемување на работниот век. Во држава во која повеќе од 35 отсто од работоспособното население се води во Агенцијата за вработување како невработено, а од тие што работат дури 44 проценти, според Заводот за статистика, не се пријавени, додека 10 отсто не земаат плата, апсолутно е неприфатливо никакво продолжување на работниот век, рече претседателот на МАКАМТРАНС Страшо Јованов на денешната прес-конференција пред Министерството за труд и социјална политика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст