| четврток, 6 декември 2018 |

Eлена Велевска подготвува нова песна

Kако што ја заврши старата, Елена Велевска ја почнува и новата, односно работно, овој пат со нова песна на која работи деновиве.

Имено, пејачката која при крајот од 2017-та година сними фантастично празнично шоу со многу емоции и убава музика, наскоро ќе промовира нова песна за крштевка.

По големиот успех на „Куме заиграј” и „Невеста”, фолк дивата Велевска ја најавува новата песна со  свадбарска тематика, водејќи се од познавањето на пулсот на нејзината публика, која одлично ги прифаќа овие песни на секоја веселба.

– Оваа песна во мене „лежи” скоро две години. Текстот е феноменален. Чекав навистина долго време се додека да дојде секој збор на место. Сите што добро ме познаваат, знаат дека сум пефрекционист, односно сакам сите детали да се таму каде што им е место, па така е и во текстовите., вели Елена и додава дека нејзините очекувања за новата песна се да го доживее успехот на „Куме заиграј”.

Елена за време на новогодишните и Божиќните празници беше актуелна со новогодишно тв шоу каде ги отпеа нејзините најголеми хитови, но и некои големи народни хитови.

Гости на овој проект беа групата „Чардак”, со кои Елена го реализираше ДВД проектот „Ѓердан за душа 2″, составен од сплет на македонски песни кои публиката одлично ги прифати, а за тоа говорат и големиот број прегледи на „ЈуТјуб”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top