| четврток, 6 декември 2018 |

Девојче пронајдено мртво во двор од градинка – се смрзнало откако воспитувачките го заборавиле

Тригодишно девојче било пронајдено мртво во дворот од градинката која ја посетувало во Москва.

Девојчето замрзнало, бидејќи воспитувачката заборавила да го внесе внатре кога влегувале и останатите деца, откако поминале некое време играјќи си надвор.

Захра Рзајева е пронајдена зад голема грутка снег, во двор од градинка во Москва. Температурата изнесувала -5 степени Целзиусови кога несреќното дете замрзнало. Воспитувачките увиделе дека Захра не си игра со останатите деца два часа по влегувањето во градинката. Веднаш излегле да ја бараат, но кога ја пронашле зад голема грутка снег веќе била мртва.

Во истрагата на оваа трагична смрт вклучени е и дури истражниот одбор на Русија, кој се занимава само со сериозни злосторства.

Испитувани се воспитувачките и останатите вработени во градинката, додека родителите Ризван Рзајев и Гулнара Шахкадат биле премногу потресени за да можат да зборуваат.

Пријател на семејството за руските медиуми изјавил дека девојчето не се чувствувало добро неколку дена пред трагедијата. Нејзината мајка забелеала дека усните на девојчето биле отечени, а девојчето зборувало дека не сака да оди повеќе во градинка, бидејќи се плаши од едната воспитувачка. Воспитувачката од која се плашела Захра била на смена кога малото девојче починало.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top