| четврток, 6 декември 2018 |

Захарова: Што точно слави Косово, што стана црна дупка?

Потпаролката на МНР на Русија, Марија Захарова, изјави Приштина нема причина за славење, бидејќи „корупцијата цвета, нивото на безбедност критично, а расте заканата од треоризам“. Оваа изјава на Захарова е испровоцирана од најавената прослава на десетгодишнината од едностраното прогласување независност на Косово.

Според портпаролката, Косово е „црна дупка“ со чуден статус, нагласувајќи дека се повеќе земји се каат што го признале .

-Обидот на меѓународната организација таа земја ја вклучат во многубројните структури не успеава, имплементација на европскиот шаблон во косовската демократија пропадна. Се формира неодржлив полумарионетски режим кој одлуки носи по наредба на западните дипломати, истакнала Захарова.

Како што кажала, едностраното прогласување на Косово не ги реши економските проблеми нити резултираше со зголемување на инвестиции.

-Освен тоа, оваа земја стана уште посиромашна,, а народот уште посилно сака да си замине. Корупцијата цвета, нивото на безбедност е критично, во пораст е закана од тероризам, со самото тоа се поставува прашањето кој е поводот за славење во Приштина – причина за славење едноставно нема, истакнала таа.

Зборувајќи за евроинтеграциите на земјите од Западен Балкан, Захарова укажала дека и Русија во повеќе наврати рекла дека тоа прашање за Русија не е проблематично се додека на тие земји не им се поставува услов дека поради влез во ЕУ мора да се одалечат од Русија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top